Супер Боул настанот од финалето на Американсата фудбалска лига кој прерасна од спортско во забавно шоу објави дека оваа година на полувремето ќе ги забавува популарниот пејач The Weekend.
The Weeknd ќе биде хедлајнерот на шоуто на полувремето на Super Bowl LV 2021, кое ќе се оддржи на 07 февруари во Заливот на Тампа, Флорида.
„Сите ние пораснавме гледајќи ги најголемите имиња на светот како изведуваат на овој спелтакуларен настан, јас сум навистина почетсен и возбуден што ќе бидам центар на таа славна сцена следната година.“ – вели The Weeknd.
Инаку, R&B изведувачот The Weeknd е трикратен добитник на Греми музичките награди и ја одбележа 2020 година со албумот “After Hours” кој се наметна како најстирмуван албум на сите времиња. Исто така, The Weekend беше прогласен за еден од највлијателните луѓе на денешницата.
Претходно The Weekend го сруши рекордот за број 1 нумера на Билборд Топ Листата во Америка задржувајќи се 46 недели на врвот со носталгичната песна “Blinding Lights”
Во претходните години многу познати и врвни артисти и пеачи биле дел од ова јубилејно незаборавно шоу, и тоа артисти како Jennifer Lopez, Shakira, Bruno Mars, Justin Timberlake, групата Maroon 5 и многу други, што уште еден показател за големината на овој настан.