Во петокот на 5-ти февруари, покрај својот последен сингл „Up“, Cardi B објави три нови верзии на нејзините патики Club C Cardi и Cardi Coated Club C Double од нејзината Reebok колекција. Двата модели сега се достапни во зелена, розова и бела боја. Цените се движат од 80 до 100 долари. Таа исто така издаде модел во класична розова боја за мали деца и деца до училишна возраст.
Својата втора Reebok колекција Cardi B ја најави пред две недели на својот Инстаграм профил. Нејзината прва колекција обувки „Reebok x Cardi“ излезе на 13 ноември 2020. Колекциите на Cardi B се направени да не можат да се игнорираат со своите колорити, а слично на самата Cardi создадени се за оние кои сакаат да се истакнат, да бидат смели и да бидат забележани. Таа минатата година беше прогласена и за „Стил инфлуенсер на годината“ на 34-те годишни награди на FN за достигнувања.