Најновата муза на Virgil Abloh е 21 Savage, како нов учесник во кампањата за машката летна колекција на Louis Vuitton.
Сценскиот изглед на колекцијата ја собира естетиката на скејтот, уметноста и сцените на плажа во Калифорнија, особено на плажата Венеција. Светли нијанси на графити и акварел ја украсуваат колекцијата, која се состои од панталони, патики, торби, костуми, дуксери, вратоврски, outerwear облека, накит и многу повеќе.
„Пренесувајќи чувство за бесконечно – повторлива тема во колекциите на Виргил Аблох – оваа гардероба е отелотворена и истакната од лежерната енергија на американскиот рапер 21 Savage и е референца на скејтерите и уметниците на западниот брег“, според соопштението за печатите.
„Пролетта започнува во шарена, жива сезона, поттикната од креативната младина, љубителите на слободата и удобноста. Колекцијата е водена од нивното сончево расположение и виталното движење на океанот“. Парчињата се наменети да „пренесат емоции дифузни со еден вид радосна носталгија мешајќи се со чувството на бесконечни можности“.