Познатиот кантавтор, поет и актер Зафир Хаџиманов почина на 78-годишна возраст, губејќи ја битката со коронавирусот.
Тој е роден во 1943 година во Кавадарци, а завршил средно училиште и музичко училиште во Скопје, каде започнал да се занимава со музика и театар. Факултет за драмски уметности завршува во Белград во 1967 година, а додека студирал настапувал и како поп пејач. Има настапувано на многу музички фестивали. На фестивалот во Опатија во 1965 година го освои првото место со песната „Зошто доаѓаш само со дожд“. Четири години подоцна, на истиот фестивал, тој го изведе познатиот евергрин „Тоа беше мај“.
Паралелно со пеењето, тој работеше и на својата актерска кариера. Меѓу другите, глумеше во филмовите „Ножот“ на Жика Митровиќ и во „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов. Настапувал и на многу театарски сцени, а имал можност да настапи и во Форум театарот во Бостон.
Зафир Хаџиманов беше во брак со Сенка Велетанлиќ, пејачка и актерка, со која често настапуваше заедно и со која во дует има снимено повеќе песни. Син на Зафир Хаџиманов е познатиот џез музичар Васил Хаџиманов.
Во неговата безвременска музика можете да уживате, слушајќи Memo Еvergreen Radio.