Netflix го купи документарецот за Kanye West за над 30 милиони долари, пренесува Billboard.
Проектот кој се состои од повеќе делови и кој содржи досега невидени архивски снимки од Kanye, е материјал создаван 21 година, во режија на Clarence “Coodie” Simmons и Chike Ozah. Тие беа режисери и на видеото на Kanye во 2003 Through the Wire и третата верзија на Jesus Walk. Проектот, кој сè уште нема наслов, наводно треба да дебитира на Нетфликс во текот на оваа година.
Ова режисерско дуо претходно го режираше филмот Bengie во 2012 година, а во 2019 година документарецот на Нетфликс за Stephon Marbury, Детето од Кони Ајленд. Според Billboard, Simmons го снима Kanye од неговите рани денови во Чикаго кон крајот на 90-тите.
Неговите релации со Kanye, наводно, ја поттикнале серијата, а режисерите ќе се осврнат на раниот подем на Kanye, смртта на неговата мајка, неговиот ангажман во модата и неговата кандидатура за претседателските избори во 2020 година. Извор за Billboard вели дека Kanye самиот му дал „благослов“ на дуото дозволувајќи да биде сниман во тек на 21 година.