Selena Gomez Гомез вели дека сака да и даде последна шанса на музиката. Во своето интервју за априлското издание на списанието Vogue, 28-годишната пејачка најавува „пензија“.
И покрај многуте успеси во текот на нејзината долгогодишна кариера, обезбедувајќи повеќе награди и платинести албуми, Gomez смета дека нејзината музика не го добива заслуженото признание, бидејќи некои ја сметаат за несериозен уметник.
„Тешко е да продолжите да создавате музика кога луѓето не ве сфаќаат сериозно. Имав моменти каде се прашував, ‘Што е поентата? Зошто продолжувам да го правам ова? “, изјави таа за списанието. „Чувствував дека Lose You to Love Me е најдобрата песна што некогаш сум ја издала, а за некои луѓе сè уште не беше доволна. Мислам дека има многу луѓе кои уживаат во мојата музика, и за тоа сум многу благодарна, затоа продолжувам, но мислам дека следниот пат кога ќе направам албум ќе биде поинаку. Сакам да го направам тој последен обид пред заминам во „пензија“.
Сепак кога беше запрашана за „пензионирањето“ Gomez изрази малку двоумење, инсистирајќи на тоа дека можеби нема да ја напушти музиката целосно туку дека можеби ќе работи повеќе зад сцената.