Justin Timberlake во петокот вечерта (29 јануари) беше на виртуелна посета на Вечерното шоу со Jimmy Fallon и тој кажа некои детали за новата музика.
Иако Timberlake главно се појавув во Вечерното шоу за да го промовира својот нов филм Palmer, разговорот со Fallon се сврте кон новото бебе со сопругата Jessica Beil – „Никој не спие, но тој е толку симпатичен“. Овој пар се земаа назад во 2012 година, ова е нивното второ дете и се вика Phineas, како што Justin ја извести јавноста на едно телевизиско интервју со Ellen deGeneres.
Исто така тие разговараа за неговиот следен албум. „Можеме ли да кажеме? Дали постои можност да се појави нов албум од Justin Timberlake?“ – праша Fallon, на што Justin со голема насмевка одговори „Да може да се каже така, веројатноста тоа да се случи е многу голема.“
Timberlake последен пат издаде целосен албум во 2018 година, Man of the Woods. Овој албум беше петтиот студиски албум во кариерата на Justin. По објавата на овој албум тој ја започна истоимената светска турнеа со цел да го промовира својот албум.
Во последно време, тој соработуваше со Ant Clemons на песната Better Days, која беше изведена на концертот за на 20 јануари, по инаугурацијата на Joe Biden.
Гледајќи кон иднината, Justin му рече на Fallon дека би сакал еден ден да работи со Kendrick Lamar или Travis Scott. Тој исто така се пошегува дека ќе му дозволи на Fallon да биде дел од новиот албум.