Одржувањето на јубилејното 40-то издание на фестивалот (20-24 октомври) е доведено во прашање, притоа се прекинати и сите подготовки за него.
Jавно објавените резултати на Министерството за култура по Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година од областа на музичко-сценската дејност, на Скопскиот џез фестивал драматично ги скратуваат средствата.
Од Скопски џез фестивал кажуваат дека е сосема неприфатливо одеднаш драстично поинаквото вреднување на Скопскиот џез фестивал во однос на вреднувањето што се правело изминатите години.
„…на ум го имаме долгогодишниот континуиран квалитет на Скопскиот џез фестивал, вклучувајќи ја и минатата година, кога во услови на пандемија, тој беше еден од ретките меѓународни џез фестивали кои го сочуваа полниот формат, во Европа оценет како хајлајт…“
Од Министерството за култура сметаат дека критиките се неосновани, бидејќи според нив комисиите кои донесувале одлуки за конкурсот се воделе според основните критериуми како: квалитетот, значењето, релевантноста на настанот итн.